Sinot Božji

Lyrics
[Текст за песната "Sinot Božji"] [Строфа 1] Ти си ми сè што имам во овој час Кон тебе саноќ некој ме води глас Мојот поглед жедно очи ти пие Златен ангел во нив сонот го крие [Строфа 2] Штом сонот ќе го сретнеш ќе дознаеш Во него ноќва ќе ме препознаеш Тогаш Синот божји ќе се роди До мене низ сонот да те води [Рефрен] Господ е вечен, вечна си ти За мене друга не постои Никој ко мене не може толку Толку силно да те сака [Строфа 3] Те љубам сè до солзи, те сонувам Во бурите од страсти потонувам Гласот божји еве пак се гласи Сонот верно чека да ме спаси [Рефрен] Господ е вечен, вечна си ти За мене друга не постои Никој ко мене не може Толку да те сака [Завршеток] Господ е еден, а срца две Моево срце е за тебе<&i> Тоа без компас кон тебе броди Него ноќва сонот ќе го води Сонот ноќва него ќе го води
Rate this song
0/5.0 - 0 Ratings
Loading comments...