Mesto na zlostorot

Lyrics
[Текст за песната "Mesto na zlostorot"] [Строфа 1] Ти кажав сѐ до збор, од А до Ш И не ми е дури ниту малку гајле Си кажавме и цел куп глупости Се каравме цела вечер до сабајле Ќе можеш ли без гнев да разбереш Ќе сфатиш ли ти си лето јас сум зима И ноќите од жал овенале За љубовта тука нема здрава клима [Пред-Рефрен] А решен бев јас само за тебе да гинам И илјада и една милја пеш да минам Ќе направев да имаш сѐ што посакаш [Рефрен] Дај, разбуди се, го нема сонот на вљубените И оди си, ти чувам место во спомените Но некогаш тргни низ времето и просторот И дојди на место на злосторот На злосторот [Строфа 2] Ти кажав сѐ до збор од А до Ш И не ми е дури ниту малку гајле Си кажавме и цел куп глупости Се каравме цела вечер до сабајле Ти кажав сѐ и крај не мачи ме И дека сум сега веќе без дилеми Не моли ме и дај откачи се И оди си, само оди без проблеми [Пред-Рефрен] А решен бев јас само за тебе да гинам И илјада и една милја пеш да минам Ќе направев да имаш сѐ што посакаш [Рефрен] Дај, разбуди се, го нема сонот на вљубените И оди си, ти чувам место во спомените Но некогаш тргни низ времето и просторот И дојди на место на злосторот На злосторот [Рефрен] Дај, разбуди се, го нема сонот на вљубените И оди си, ти чувам место во спомените Но некогаш тргни низ времето и просторот И дојди на место на злосторот Разбуди се, го нема сонот на вљубените И оди си, ти чувам место во спомените Но некогаш тргни низ времето и просторот И дојди на место на злосторот
Rate this song
0/5.0 - 0 Ratings
Loading comments...
Credits
- Writers
- Phoebus
- Marina Tucaković
- Miodrag Vrčakovski